Анџелина Џоли со солзи за Бред Пит: Секогаш ќе бидеме семејство

Анџелина Џоли за првпат зборуваше во јавност за својот развод и не можеше да си ги скрие солзите. Четириесет и едногодишната актерка даде интервју за BBC во врска со нејзиниот нов филм „First They Killed My Father“, но водителката ѝ постави и прашање за разводот со Бред Пит.

– Не сакам да зборувам многу за тоа, само сакам да кажам дека беше многу тежок период и дека ние сме семејство и секогаш ќе бидеме семејство. Ќе го надминеме ова и поради тоа ќе бидеме уште посилно семејство. Фокусирана сум на моите деца, на нашите деца, и на наоѓањето начин за да го надминеме ова. И како што реков ние сме и засекогаш ќе бидеме семејство. Се обидувам да најдам начин да станеме поблиски и посилни поради ова – рече Џоли на прашањето дали сака да каже нешто во врска со разделбата со Бред.

Анџелина се надева дека за пет години нејзините деца ќе патуваат низ светот, а таа ќе ги поддржува во она што ќе изберат да го прават.

– За пет години се надевам дека ќе патувам низ светот за да ги посетам моите деца со надеж дека тие се среќни и прават интересни нешта. Ги замислувам на многу различни делови од светот и јас ќе ги поддржувам. Со сè што правам се надевам дека им претставувам нешто, дека им ги претставувам правилните нешта на моите деца и дека правилно им доловувам што се способни да направат. Светот е она што треба да се види, не преку призмата на Холивуд или преку одреден живот – вели таа.

Џоли во моментов го промовира својот нов филм, кој ја прикажува војната во Камбоџа низ очите на дете. Таа чувствувала потреба да ја раскаже приказната за оваа земја, бидејќи тоа е местото каде стана мајка. Таа го посвои своето прво дете, Медокс, во 2002 година од Камбоџа.

Plusinfo

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести