На денешната прес конференција директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, изрази сочувство за првата жртва на пожарите во земјата. Се работи за жената од кумановско Челопек која настрадала во пожарот кој ја зафатил нејзината куќа.
-Сакам да изразам сочуство на човекот кој ја изгуби сопругата. Страшно е тоа што се случи во кумановско Челопек. Куќите ќе ги направиме, дрвата ќе пораснат, но колку буки или борови вреди човечкиот живот? Затоа да се фокусираме на човечките животи. Државата ќе помогне да се направи нов дом, нов живот нема да се врати. Апелирам до сите граѓани кои ќе се најдат блиску до пожарите еднаш да бегаат, да се евакуираат. Човечкиот живот е бесценет, рече Ангелов.
]]>


