Ангелов со нему својствена честитка за Илинден: Внимавајте да не ја запалиме Македонија

На денешен ден 1903 година македонските револуционери го запалиле Балканот создавајќи ја Крушевската Република.

121 година подоцна, сите ние заедно, должни сме да внимаваме да не ја запалиме нашата преубава татковина, Македонија.

Затоа! Ве молам! Не палете оган, не правете скара, не фрлајте отпушоци низ преубавите македонски ливади и шуми!

Заедно да ја заштитиме татковината од пожар! Но, доколку забележите чад или оган на отворен простор, веднаш пријавете на 112!

Вечна да е! Македонија.

Честит Илинден.

-Фејсбук статус на Стојанче Ангелов, директорор на ЦУК

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести