Ако и Лионел Меси е незадоволен во Барселона како што се пишува, и тој би можел да преговара со други клубови уште во јануари, а зошто не и со Јувентус?! Неговото заминување од Каталонија сигурно би било „бомба“, а англискиот „The Sun“ тврди дека е можно неговиот избор да биде клубот од Торино.
Кристијано Роналдо и Меси во ист тим, звучи како неверојатно, но се разбира, фудбалскиот свет овие инфомации ќе ги прифати со резерва.
Можеби не затоа што не е возможно двајцата да играат заедно, обајцата се маркетинг магионичари, а секако дека доколку би се случило тоа клубот за кој ќе играат ќе има посебен интерес од двајцата, туку заради тоа што Барселона тешко може да си дозволи да остане без Аргентинецот.
]]>


