Апсолвентка се породила на „Табановце“, го фрлила бебето и продолжила на екскурзија

Дваесет и тригодишната скопјанка Т.И. заработи кривична пријава поради основано сомнение дека сторила кривично дело „Убиство на дете при пораѓање“.

Пријавената којашто веќе била во 7/8 месец од бременоста и за која не постојат податоци дека претходно била лекарски контролирана, и покрај сето ова тргнала на апсолвентска ексурзија. На 29.03.2016 година околу 11,30 часот на граничен премин „Табановце“, додека чекале за пасошка контрола пријавената почувствувала силни болки во пределот на стомакот и се упатила во тоалетот на граничниот премин. Притоа додека била во тоалетот се случило породување, а пријавената го зела бебето и го ставила во корпата за отпадоци. По настанот се вратила во автобусот и продолжиле со патувањето – соопшти денеска кумановската полиција.

Оттаму информираат дека настанот во полициската станица го пријавиле вработени на граничниот премин, веднаш откако го откриле телото на новороденчето.

-По интензина истрага контактирано е со организаторите на екскурзијата, а пријавената на 30.03.2016 е однесена во Гинеколошка клиника во Прага, Чешка Република при што и’ е укажана лекарска помош. По завршувањето на екскурзијата на 18.04.2016 година на граничен премин таа е приведена од страна на полициски службеник и е однесена на дополнителни медицински вештачења.  Меѓу другото според истрагата е констатирано дека без оглед на датумот на бременоста, новороденчето кое било живо родено би преживеало доколку било родено во соодветни болнички услови – потенцираат од полицијата.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести