Арамии влегле во црква и куќи во гостиварско Ниќифорово

Непознати сторители, деновиве провалиле во три куќи и во селската  црква во Ниќифорово, Гостиварско, информираат од СВР Тетово.

Според информациите, во периодот од 23 до 27 февруари непознати сторители со обивање на влезната врата, насилно влегле во црквата „Св.Пантелејмон“. Провалниците влегле во олтарот и се обиделе да ја обијат металната каса, со копач и токмак, но не успеале во намерата.

По извршениот увид било констатирано дека арамиите одзеле позлатен крст, 3.500 денари од доброволните прилози на верниците и црковна книга.

Во истиот период, мета на крадци во Ниќифорово биле и три куќи. Во едната од нив била украдена поголема сума на пари. Од полицијата соопштуваат дека работат на откривање на сторителите.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника