Граѓанскиот активист и програмски директор на Институтот за општествени и хуманистички науки, Артан Садику, по информациите дека бил физички нападнат синоќа по полноќ на булеварот Партизански одреди, на својот профил на Фејсбук напиша дека се чувствува добро.
– Добро сум и очекувам полицијата да го реши случајот – пишува кратко Садику.
Според информациите на полицијата, Садику бил нападнат околу еден часот по полноќ по што бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде му е укажана лекарска помош.


