Екипата на Атланта доживеа пораз на ноќешното гостување кај Сан Антонио со 102:100 (25:23, 25:26; 23:22 и 29:29). Натпреварот го реши Тим Данкан со кошот на 4 десетинки до крајот, а притоа имаше вкупно 23 поени и 21 скок. Ова е 20.пат во кариерата Данкан да има учинок над 20 поени и скокови на еден натпревар. На кошот на Данкан му претходеше тројката на Џеф Тиг за изедначување (100:100). Инаку, овој дуел мина со 17 изедначувања и 20 пати имаше промена на водството. Нашиот Перо Антиќ не доби шанса на овој натпревар.
Покрај добрата игра на Данкан во редовите на Сан Антонио клучно беше и тоа што тројца играчи од клупата имаа двоцифрен број поени. Кај Атланта комплетната стартна петорка имаше двоцифрен број поени, а Џеф Тиг најмногу 19.
Во дуелот на двете најдоброрангирани екипи од Конференциите, Портланд (Запад) – Индијана (Исток), победа оствари домаќинот Портланд со 106:102 и за Индијана ова е втор пораз сезонава.
Преглед на ноќешните резултати: Сан Антонио – Атланта 102:100, Портланд – Индијана 106:102, Вашингтон – Орландо 98:80, Чикаго – Њу Орлеанс 128:131 (три продолженија) и Јута – Хјустон 109:103.
Вечерва се играат осум натпревари: Филаделфија – Орландо, Бостон – Милвоки, Бруклин – Денвер, Мајами – Детроит, Мемфис Феникс, Далас – Шарлот, Сакраменто – Оклахома Сити и Голден Стејт – Торонто.
Пласман Источна конференција: Индијана 16-2 (победи-порази), Мајами 14-3, Вашингтон 9-9, Атланта 9-10, Шарлот 8-10, Чикаго 7-9,…
Пласман Западна конференција: Портланд 15-3, Сан Антонио 15-3, Оклахома Сити 12-3, Хјустон 13-6, ЛА Клиперс 12-6, Денвер 10-6,…


