Екипата на Атланта ја постигна седмата победа во 12. тиот натпревар. Ноќеска на домашен терен беше совладан Детроит со 93:85 (15:13; 28:33; 23:18 и 27:21). Ова е првпат оваа сезона Атланта да победи на еден натпревар, а да постигне помалку од 100 поени. Нашиот Перо Антиќ по солидниот настап против шампионот Мајами претходната вечер, на овој дуел не доби шанса да се појави на теренот.
Во слабата по реализација прва четвртина (двете екипи), гостите на полувремето водеа со 46:43, но во вториот дел Атланта постигна 50 поени, а прими 39 што беше доволно за триумф.
Во редовите на Атланта најефикасен беше Пол Милсап со 19 поени (го пропушти дуелот со Мајами), а ДеМар Керол го забележа првиот „дабл-дабл“ учинок 11 поени и рекордни 12 скока. Кај Детроит најефикасен беше Брендон Џенкинс со 21 поен.
И следниот натпревар Атланта го игра против Детроит, но на гостински терен во петок.
На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Шарлот – Бруклин 95:91, Кливленд – Вашингтон 91:98, Њујорк – Индијана 96:103 (продолжение), Орландо – Мајами 92:120, Филаделфија – Торонто 98:108, Милвоки – Портланд 82:91, Минесота – Лос Анџелес Клиперс 98:102, Њу Орлеанс – Јута 105:98, Сан Антонио – Бостон 104:93, Феникс – Сакраменто 106:113, Далас – Хјустон 123:120 и Голден Стејт – Мемфис 81:88 (продолжение).
Вечерва се играат два натпревара: Оклахома Сити – Лос Анџелес Клиперс и Денвер – Чикаго.


