Тони Бијелиќ галантен како и секогаш!
Веста дека Тони Бијелиќ и Драгана Мирковиќ се разведуваат по 24 години, доведе до тоа членовите на нивните семејства со денови да бидат под лупа на јавноста, објави Србијаданас.
Додека се полемизира за поделбата на имотот и причината за разделбата, Драгана и Тони продолжија да чекорат понатаму низ животот, колку што сега тоа е можно.
Неодамна и двајцата и се обратија на јавноста, во пресрет на католичкиот Велигден, честитајќи им го празникот на верниците, секако, секој на својата платформа.
Вчера, Тони испрати уште една честитка на својот Инстаграм профил.

Имено, неговата внука го прославила роденденот, а по тој повод Тони објави фотографија од атрактивната црнка, која позирала пред автомобил од марката што ја продава, а подолу кратко напишал: Среќен роденден, ти посакувам се најдобро, те сака вујче.
Знаејќи дека Тони отсекогаш бил галантен кога станува збор за подароци, не би се изненадиле ако убавата црнка од својот вујко да го добила токму овој ѕвер од фотографијата.


