(АУДИО) Бонева и Груевски потврдуваат дека пратениците имаат потпишано оставки

Во дел од денешната 11-та „бомба“ која ја објави СДСМ, а е поврзана со изборите во Струмица, се слуша и разговор помеѓу премиерот Никола Груевски и пратеничката и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

Бонева му се жали на Груевски за пратениците од владеачката партија и нивната недисциплина, па Груевски предлага да се активираат веќе потпишаните оставки.

– А да почнеме да активираме ние оставки. Имаат они писмени оставки донесено, да почнеме да си ги активираме – вели Груевски.

– Јас на претходниот состав еднаш кога ми беше пукнат филмот им реков – немојте да мислите дека писмените оставки за џабе ги напишавте, на неколку луѓе што се правеа многу важни. Мислам оти вие сега треба сите да ги соберете и да им кажете дека имаат писмени оставки и ако не им се работи дека веднаш ќе им бидат активирани – вели Бонева.

Конкретниот дел од разговорот во продолжение.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести