Во рамки на 17-тата „бомба“ на СДСМ од Прилеп, од плоштадот се слушаа разговори, според СДСМ, помеѓу прилепскиот градоначалник Марјан Ристески и министерот за транспорт и врски. Ристески и Јанакиески договаараат детали пред изборите за кафулиња и фирми, по што Јанакиески го советува да не отвора многу војни и да го среди прво Диме, па после една недела други.
Јанакиески вели дека направил упад во Прилеп и во Радовиш.
Дејан од Пелистерка пак на градоначалникот на Прилеп му вели дека треба да се затворат сите кафеани. Разговорот е после изборите и тој бара да се одмаздат на сите кои периодот го нервирале, а информациите Ристески ќе ги добиел наводно од Жаре Бербер, по што вели дека следно треба Центар да го сработат.
Во разговор помеѓу Јанакиески и Ристески, зборуваат за отец Теодисеј од Св.Јован Бигорски, бидејќи се јавувал да не се казнува Хари Локвенец. Наводно Јанакиески му објаснува на Ристески дека тие од Бигорски почнале да го нервираат и го известува дека Локвенец е казнет со 11 илјади евра, по што наводно Ристески вели дека тоа е малку и дека треба да се казнува секој месец.


