Автобус удри девојче во Ново Село, сообраќајот кон Волково се одвива во една лента

Сообраќајот кон скопската населба Волково попладнево се одвиваше отежнато и само по една коловозна лента, поради сообраќајна незгода што се случила во непосредна близина на Основното училиште „Тихомир Милошоски“ во скопската населба Ново Село.

Според информации што ги споделуваа граѓани на социјалните мрежи, во незгодата бил вклучен приватен автобус кој удрил во девојче, при што таа, според првичните наводи, се здобила со полесни повреди.

На местото на настанот сообраќајот бил делумно регулиран, а се создавале и застои во движењето на возилата во правец кон Волково. Повеќе информации за околностите под кои се случила сообраќајната незгода се очекуваат од Министерството за внатрешни работи.

извор: Libertas.mk

Најчитани вести