Автомобил излета од патот и урна летниковец на „Првомајска“

Автомобил излета од патот и влета во летниковец. Сообраќајката се случила ноќеска на булеварот „Борис Трајковски“.

Автомобилот со скопски регистарски таблички, најверојатно поради неприлагодената брзина излетал од патот и влетал во летниковецот.

Според очевидците, во моментот на несреќата немало никој на клупите. Сообраќајната несреќа завршила само со материјална штета.

извор: 24 Вести

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести