На крајниот исток на Пакистан, на границата со Кина и Авганистан, во долината на реката Ханза, на тоа подрачје живеат необични луѓе. Претежно со сини очи и неретко плава коса, тие изгледаат повеќе како Европејци отколку како Азијци. Познати се како луѓе кои не стареат затоа што лесно доживуваат и до 120 години. Нивните жени нормално раѓаат деца дури и по 60 години, а до 40 -годишна возраст го задржуваат својот младешки изглед без никакви промени што се случуваат со нивната возраст .
На оваа долговечност можат да се пофалат благодарение на својот начин на исхрана каде главно доминира свежо овошје и зеленчук со минимално учество на масти и протеини. Имаат и еден долг период присилен пост додека не созрее нивното главно овошје во исхраната кајсиите. Тогаш само еднаш дневно пијат сок од сушени кајсии. Тоа е народ кој не знае за болестите на современиот свет, рак,хипертензија и за остатокот на светот болести со тежок крај.
Освен исхраната веројатно свој придонес има и физчката активност. За нив дневната километража од 10-20 км е вообичаена, а искачувањето по околните планини е секојдневна појава. Тие се опкружени со трите најголеми планински системи во светот, Хималаите, Каракорум и Хинди Кус.


