Бабичка (80) цела ноќ ја поминала во маркет во Крагуевац: Јадела грицки, па утрото со полиција си отишла дома

Пензионерка од населба Бресница цела ноќ ја поминала сама, „заклучена“ во маркет.

Во Крагуевац се раскажува дека несреќната старица ја пронашле вработени во утринската смена, но дека за секој случај поради претходни кражби на овој објект повикале полиција.

Жената била пронајдена жива и здрава, иако малку ненаспана, бидејќи ноќта ја поминала на клупа во маркетот.

Изела две кесички грицки и испила едно шише кисела вода – велат мештаните, пишува српски Телеграф. „Очевидци“, пак, велат дека старицата полицијата ја однела дома откако било констатирано дека не „зела“ ништо од маркетот што не го платила.

Се зборувало и дека бабичката наводно живеела сама, па никој и не го пријавил нејзиното исчезнување во текот на ноќта.

Извор – Фото: telegraf.rs

Најчитани вести