Баерн го бара „кртот“ во своите редови

Тренерот на бундеслигашот Баерн Минхен Пеп Гвардиола и покрај убедливата во саботата над лутиот ривал Борусија Дортмунд, бил многу бесен поради тоа што сметал дека има „крт“ во своите редови кој ја открива неговата тактика на медиумите.

– Вооопшто не е важно за кого се работи. Ќе летаат глави, изјавил Гвардиола за германскиот весник „Билд“.

Тој додал дека непознатиот „инсајдер“ ќе биде исфрлен од тимот.

– Кој и да е нема веќе да игра, рекол шпанскиот стратег.

Присуството на „крт“ во екипата на германскиот и европски шампион го потврдил и извршниот директор Карл Хајнц Румениге кој упати порака до непознатиот да престане со издавање на информации или во спротивно ќе се соочи со последици.

Најчитани вести