Бајден го повика Трамп да отстапи, претседателот одговори веднаш со видео обраќање

)Новизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, во кратко обраќање денеска од Вилмингтон, Делавер го повика Доналд Трамп, претседател во заминување, да отстапи. 

Шефот на државата пак одговори веднаш со видео на Твитер испратено до протестантите кои денеска по негов говор во центарот на Вашингтон, упаднаа во зградата на Конгресот.

Бајден во обраќањето го повика Трамп веднаш да излезе на националната телевизија и да им порача на демонстрантите да заминат од Капитол хил. 

-Отстапи. Искажи се, истакна Бајден. 

Трамп, веднаш, потоа со видео на Твитер ги повика демонстрантите да се повлечат. 

-Ја знам вашата болка, знам дека сте повредени, знаеме дека изборите беа украдени.. но треба да си одите дома сега, треба да има мир. Мора да имам поредок и да ги почитуваме луѓето од поредокот. Не сакам никој да биде повреден, порача тој. 

Додаде дека САД поминуваат тешко време „со тоа што ни го одзедоа, од сите нас“. 

Ова беа фалсификувани избори, но не можеме да се справиме со овие луѓе. Знам како се чуствувате, како другите беа третирани, но одете дома во мир, кажа Трамп.

MИА

Д

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести