Балканците воодушевени: Меланија разговараше на српски јазик и се прегрнуваше со жртвите од пожарот во Лос Анџелес 

Новиот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија го посетија Лос Анџелес за да ја проценат ситуацијата во областите погодени од пожарите. Во текот на обиколката, Меланија имала единствена можност да разговара со жена на српски јазик, што предизвика воодушевување кај корисниците на социјалните мрежи и кај луѓето во регионот, информира Слободен печат.

Фото: Mandel NGAN / AFP / Profimedia

Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Меланија разговара со жена, по што таа ја прегрнува и бакнува. Разговорот го започнала жената која ѝ се обратила на Меланија со „добар ден“, на што првата дама на САД одговорила со „добар ден, како сте?“.

Видео на следниот линк


Инаку, Трамп вчера во Лос Анџелес беше пречекан од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, а по краткиот разговор заедно се обратија до медиумите. Трамп ја изрази својата намера да ги посети областите погодени од пожарите, додавајќи дека „проблемот ќе биде решен“, пренесува „Си-би-ес њуз“. Гувернерот му се заблагодари на Трамп за неговата посета и ја истакна потребата од поддршка на федерално ниво.

Во разорните пожари во населбите Палисадес и Итон загинаа 28 луѓе и се уништени илјадници објекти, вклучително и цели населби.

По завршувањето на посетата на Лос Анџелес, Трамп замина во Лас Вегас, додека Меланија го продолжи патувањето кон Флорида.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести