Шпанскиот првак Барселона го доживеа вториот пораз во серија и прв сезонски во Примера Дивизија. По поразот од Ајакс во вторникот во Лигата на шампионите, Каталонците синоќа загубија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1:0.
Победничкиот гол за Баскијците го постигна Икер Муниаин во 71.минута.
Домаќините до трите бода стигнаа со агресивна игра и постојан пресинг не дозволувајќи и на Барселона да ја развие својата игра уште на нејзината половина од теренот.
По оваа победа Атлетик Билбао се проби на четвртото место на табелата, додека Барселона на врвот му дозволи на Ателтико Мадрид да се изедначи, а на Реал Мадрид да се доближи на само три бода.
На другите натпревари од 15.коло во шпанското фудбалско првенство постигнати се овие резултати: Хетафе – Леванте 1:0, Виљареал – Малага 1:1, Елче – Атлетико Мадрид 0:2, Селта – Алмерија 3:1, Еспањол – Сосиедад 1:2, Бетис – Ваљекано 2:2, Гранада – Севиља 1:2 и Валенсија – Осасуна 3:0.
Табела: Барселона, 40 бодови, Атлетико Мадрид 40, Реал Мадрид 37, Атлетик Билбао 29, Виљареал 28, Сосиедад 23, Хетафе 23,


