Сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, пронашла интересно друштво на Централниот терен воочи мечот на Новак.
Ѓоковиќ во средата беше експресен во четвртфиналето на Вимблдон, совладувајќи го Марин Чилиќ.
Пред почетокот на тој дуел забележана е интересна сцена. На трибините бил славниот британски фудбалер Дејвид Бекам на кого ова не му е првпат да го гледа мечот на Новак. Бекам со синот Ромео бил на централниот терен во Лондон кога се појавила Јелена.
Кавалер каков што е, Бекам станал да ја пропушти дамата, и притоа популарниот фудбалер и Јелена срдечно се поздравиле и поразговарале.
Јелена со брзина на светлината на својот профил на Твитер се пофалила за средбата со фудбалската суперѕвезда Бекам


