Бензините поевтинуваат, дизелот со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница донесе одлука за утврдување на највисоките малопродажни цени на нафтените деривати.

Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,5 денари и изнесува 84 ден./литар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 3 денари и изнесува 85,5 ден./литар. Дизелот останува со непроменета цена во однос на претходната одлука на РКЕ, односно максималната малопродажна цена изнесува 95,5 ден./литар.

Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) од полноќ ќе се продава по цена од 92,5 ден./литар, додека мазутот М1 НС ќе се продава по цена од 51,410 ден./килограм.

ГоривоАктуелна ценаНова цена (од 31.03.2026)
ЕУРОСУПЕР БС – 9586,5 ден./л84 ден./л
ЕУРОСУПЕР БС – 9888,5 ден./л85,5 ден./л
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)95,5 ден./л95,5 ден./л
Масло за горење екстра лесно (ЕЛ-1)92 ден./л92,5 ден./л
Мазут М-1 НС51,073 ден./кг51,410 ден./кг

Со денешната одлука малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 1,41% во однос на одлуката од 23.03.2026 година.

Најчитани вести