Се притиснаа првите златни звучни сигнали за оваа сезона од „Америка има талент“ за младата оперска пејачка која ги стаписа судиите.
13-годишната Лаура Бретан ја дигна целата публика на нозе со емотивниот и неверојатен настап, а секако, дури и од Сајмон доби заслужени пофалби.
„Се случи и тоа, а никогаш досега не сум слушнал вакво нешто – во сите години во кои го правам ова. Сериозно.“ – се изјасни Сајмон Кауел.
Нејзината изведба на песната „Nessun Dorma“ веројатно ќе ве воодушеви и вас.


