Сите кои ќе сакаат во живо да го следат натпревар меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Уникс Казан ќе може тоа да го сторат без да платат карти.
Раководството на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром реши влезот во СЦ „Борис Трајковски’’ за утрешниот натпревар од последното коло во кошаркарскиот Еврокуп во кој МЗТ Скопје ќе го пречека досега непоразениот тим во групата Г, рускиот Уникс Казан, да биде бесплатен.
– КК МЗТ Скопје Аеродром се заблагодарува за поддршката од своите верни навивачи на мечот против Црвена Звезда и одлучи дека за натпреварот од последното коло на Еврокупот влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, стои во соопштението објавено на официјалната интернет страна на МЗТ Скопје.
Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Уникс Казан ќе започне од 18 часот и е првиот од последното 10.коло во групата Г.
Во останатите два ќе играат, ВЕФ Рига – Банвит (18:30 часот) и Макаби Хаифа – Калев Талин (19).
Табела: *Уникс Казан 9-0 (победи-порази), *Макаби Хаифа 6-3, *Банвит 5-4, ВЕФ Рига 4-5, Калев Талин 2-7 и МЗТ Скопје Аеродром 1-8.


