Шкендија и Пелистер одиграа нерешно 0:0 во дербито на колото од македонскиот фудбалски шампионат. Фудбалерите на двете екипи покажаа завидна борбеност на тешкиот терен на стадионот во Тетово и на крајот сосема заслужено освоија по еден бод.
Резултати на четирите попладневни натпревари од 18.коло во Првата македонска фудбалска лига: Брегалница – Еуромилк 1:1, Металург – Македонија ЃП 1:0, Шкендија – Пелистер 0:0 и Турново – Ренова 4:0.
Поради снежна покривка на теренот одложен е натпреварот Гостивар – Вардар. Според пропозициите Гостиварци до утре (13 часот) треба да обезбедат услови за игра или да најдат друг терен.
Вчера Работнички на домашен терен го победи со 4:3.
На табелата нов лидер е Турново, а уште две екипи имаат ист број бодови.
Табела: Турново 31 бод, Работнички 31, Пелистер 31, Вардар 30 (натпревар помалку), Металург 29, Ренова 24, Еуромилк 22, Брегалница 22, Шкендија 22, Македонија ЃП 16, Напредок 13, Гостивар 11 (натпревар помалку).


