Без вода вечерва од 20.30 часот ќе бидат корисниците од бул. „АСНОМ“, на потегот од бул.„Србија“ до ул.„Февруарски поход“, како и објектите на Фудбалската Федерација и ЕВН во општина Аеродром.
ЈП „Водовод и канализација“-Скопје соопшти дека причина за прекинот на водоснабдувањето е уличен дефект на бул.„Србија“, крстосница со бул.„АСНОМ“ општина Аеродром. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
МИА


