Без вода утре делови од општините Гази Баба и Центар

Без вода утре од 8 часот ќе бидат Универзитетот ФОН и зградите спроти овој универзитет во општина Гази Баба, а од 9 часот ќе бидат корисниците од улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до улицата „Никола Тримпаре“ во општина Центар. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во општина Гази Баба е поради изведување водоводен приклучок на улица „Индустриска“ 1/27 спроти Универзитетот ФОН.

Прекинот, пак, во општина Центар е поради промена на вентил во шахта на улица „Ленинова“ 73 во населба Центар.

Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести