„Била љубоморна до лудило“: Анџелина Џоли не може да ја замисли убавата сопруга на холивудскиот заводник Џорџ Клуни

Иако Бред Пит и Џорџ Клуни се пријатели повеќе од 20 години, додека Пит бил во брак со Анџелина Џоли, не присуствувал на венчавката на Клуни, а нивните сопруги никогаш не се спомнувале една со друга ниту пак биле видени заедно.
Новинарите ја искористиле приликата додека актерот бил во просториите на Обединетите нации за време на Генералното собрание во 2016 година да го прашаат за разделбата на неговите колеги, а тој тврдел дека не знаел ништо за тоа. Искрено или не, тој одговорил:

-„Не го знаев тоа. Леле. Жал ми е за нив. Тоа е тажна приказна и тажна е за нивното семејство. Многу ми е жал што го слушам тоа“, рекол Клуни.
Сепак, Џорџ Клуни можеби и не бил во тек со вестите бидејќи во тие денови на големо се шпекулирало дека неговата сопруга Амал Клуни, позната либанско-британска адвокатка специјализирана за човекови права, и Анџелина Џоли не се поднесуваат.
Откако Џорџ Клуни, по серијата врски со актерки и манекенки, се заљуби во познатата адвокатка која работи за Обединетите нации, јавноста беше изненадена и воодушевена од неговиот избор, особено по веста дека актерот се жени за убавата адвокатка.

Додека сите очекуваа дека Анџелина Џоли, сопругата на еден од најдобрите пријатели на Клуни, со раширени раце ќе ја пречека убавата Амал Аламудин, со која делела многу интереси, сепак, двете не станаа пријателки.
Како што тогаш пишуваа светските медиуми, во прашање е љубомора. Се претпоставува дека Анџелина била љубоморна на успехот и образованието на Амал, пишува Блиц.

Најчитани вести