Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, денеска најави враќање на евтината тарифа на електрична енергија. Тој рече дека повторното воведување на евтина тарифа за електрична енергија е неизбежно во наредниот период затоа што цените на берзите во тој период се дури и негативни.
Евтина струја ќе има по два часа на ден во период кој допрва Регулаторот ќе треба да го утврди, но ќе биде помеѓу термините од 11.00 до 16.00 часот. Бислимовски откри дека операторот ЕВН Хоме ќе треба да излезе на самиот терен да внесува промени во броилата и да го измени билинг системот на наплата. Примената на евтината тарифа ќе започне кога ќе се завршат овие активности, а повеќе детали ќе бидат познати за десетина дена.


