Битиќи: Дали во ВМРО ДПМНЕ има некој кој знае да чита бројки, срамота е за 5 години да ја покачат просечната плата за 2.381 денар

Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска преку социјалните мрежи реагираше за растењето на прасечната плата, која во последните 5 години, или кога владата е предводена од СДСМ, е покачена за 10.541 денар.

„Срамота е само во 5 години ВМРО-ДПМНЕ да ја покачи просечната плата за само 11% или од 2012 до 2017 таа да се покачи за незначителни 2.381 денар“, напиша Битиќи, и истакна дека не е срамота што од 2017 до 2022, исто за период од 5 години владата предводена од СДСМ ја покачи за 44% или за 10.514 денар.

„Најголем дел од ова зголемување, близу 60% или 7.497 денари е во мојот мандат од јуни 2020 до декември 2022, за само 2,5 години“, истакна Битиќи.

„Не знам дали во ВМРО – ДПМНЕ има се уште некој кој знае да чита бројки а не само партиски нарачки. Но еве ги уште еднаш“, порача Битиќи.

Тој вети дека платите ќе продолжат да растат, минималната во март ќе порасне повторно, по утврдена методологија, системски, не по нечија желба или преговори во 4 очи.

„Да се исполнува ветеното не е срамота! Да се работи за граѓаните е обврска, чест и привилегија“, порача Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Најнови вести

Најново од Економија, Македонија

Најчитани вести