Битола е нашата љубов, нашиот дом, нашето вчера, денес и утре

Говорите пред моите битолчани, секогаш се нова инспирација за мене, поради енергијата, довербата и чувството на одговорност пред сите Вас. Најубави се оние непланирани средби со моите битолчани, па од мал митинг, станува голем собир со многу граѓани кои доаѓаат да ни дадат поддршка, да чујат кои се нашите зацртани планови.

Битола со нови патишта, сообраќајно уредена, гасифицирана, со почист воздух, реновиран и преадаптиран Офицерски дом, со нов спортски комплекс, повеќе зеленило, нов систем за управување со отпад, велосипедски град и град кој ќе биде наша гордост.

Битола е нашата љубов, нашиот дом, нашето вчера, денес и нашето утре. Битола не е еден сокак, еден плоштад, една улица, еден човек. Битола е нашето се’, нашиот дух, детство и младост.

natasa_petrovska_1

Ми требаат две 19-ки на 15-ти октомври, една за мене како Градоначалник на Битола, една за советниците на СДСМ и коалицијата, за да носиме брзи одлуки и да го реализираме ветеното, да ја направиме заедно Битола отворена и модерна општина, која ќе биде сервис на сите битолчани.

Наташа Петровска, кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести