Битолските студенти ја поминаа првата ноќ без греење

 

Студентите од Техничкиот факултет во Битола ја поминаа првата вечер од окупацијата без греење, објави Радио МОФ.

 Од Студентскиот пленум во Битола за МОФ рекле дека деканот им ослободил две простории – за кујна и за спиење.
studenti_bitola
– Вечерта ни го исклучија парното, а го пуштија утрото многу доцна затоа денеска има и по некој настинат – вели Борис Николевски, од битолскиот Студентски пленум за МОФ.
Николевски вели дека инсталацијата била преслаба за да ги вклучат греалките. Поради тоа побарале од деканот да се пушти парното за вечерва. Деканот им ветил дека ќе им даде четири простории бидејќи имало интерес и кај други студенти да преспијат на факултетот.

Најчитани вести