Бијонсе ги воодушеви лондончани со несекојдневен златен костим

Сексипилната Бијонсе на својата актуелна турнеја се појавува во нова гардероба, при што нејзиниот најнов костим во кој се појави на сцената во Лондон, ја остави публиката без текст.

Се работи за златен комбинезон прекриен со кристали, кој совршено ја открива фигурата на популарната пејачка.

Веќе беше објавено дека Бијонсе држеше вегетаријанска диета кон крајот на минатата година со која видливо ослабела, но по се изгледа таа и натаму ужива во овошјето и зеленчукот, што е видливо и од ваквиот костим под кој е невозможно нешто да се сокрие.

Покрај овој заводилив комбинезон Бијонсе ја распушти русата коса и одбра шминка во златно-розева комбинација, а на нозете носеше лакирани чевли во крем боја.

]]>

Најчитани вести