Благодарам, благодарам Трајко ама ти веќе не си ништо во Собранието

За Смилковско езеро и убиството на младите деца и рибарот?
Благодарам, благодарам…
За син ти фатен со дрога и ослободен на граница?
Благодарам, благодарам…
За ќерка ти што не знае што прави од бес и аздисана од пари, додека ние собираме пари за да лекуваме болни деца?
Благодарам, благодарам…
За скапите автомобили кои твоите деца ги испокршија под дејство на наркотички средства додека ние дома на нашите деца за еден велоспиед им велиме следниот месец, а знаеме дека и следниот нема да го купиме?
Благодарам, благодарам…
За тоа колку куќи издржуваш на твоите швалерки и нивните егзибиции?
Благодарам, благодарам…
За скапите барања на твојата сопруга за да ја замолчиш за сите твои гнасотии?
Благодарам, благодарам…
Па што доби гладниов народ од твоето благодарам бе Трајко?! Што доби?! Доби еден мизерен живот, една бедотија, една безизлезност на крајот од тунелот кој светлината ја бара само надвор од државата.
Веќе 2000 граѓани на Македонија се во исчекување на своите бугарски пасоши ( легално ) во Бугарската амбасада, и уште колкумина ги има што бараат спас преку посредници да извадат бугарси пасош и да заминат од државава која ја направивте ништо друго туку партиска книшка. Ако имаш вмровска партиска книшка ќе имаш вработување и привилегии и ќе молчиш за сите ваши злосторства. Ако не ќе ќутиш, ќе голташ од прашината исполнета со 200 евра месечна плата, и кога ќе се свртиш наназад ќе видиш дека животот ти поминал а ти не си го живеел.
Благодарам, благодарам Трајко ама ти веќе не си ништо во Собранието. Наскоро твоето ништо ќе го видат и останатите граѓани на Република Македонија.
Благодарам, благодарам…Ама не живееме од благодарам. Живееме од нормален, демократки, слободен живот во Македонија.
Се надевам дека следното благодарам, благодарам… ќе го кажуваш од Идризово.

Фејсбук статус на Ивана Божиновска

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести