Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска на Меѓународниот аеродрoм Скопје се обрати на настанот по повод проширување на базата на авиони на авиокомпанијата Визер.
Во своето обраќање, тој потенцираше за успешните политики на Владата на Република Северна Македонија за развој на авиосообраќајот со посебен акцент на растот на бројот на патници и достапни дестинации во Европа.

„Огромно е задоволството што денеска сум присутен на овој наш модерен аеродорм за кој сум уверен дека ги исполнува сите наши очекувања во создавање на една нова слика за авиосообраќајот во земјава. Најнапред честитки до ТАВ и авиокомпанијата Визер која ја проширува својата база овде во Северна Македонија, што е доволен доказ дека ависообраќајот во земјата се уште има огромен потенцијал да се развива“, истакна Министерот за транспорт и врски.
Тој рече дека преку овие примери само се потврдуваат успешните политики што ги презема Владата во насока на развој на авиосообраќајот преку воведување на нови дестинации од двата аеродроми а со тоа и континуирано зголемување на бројот на патници.
„Северна Македонија е атрактивна земја за сообраќај, а тоа веќе го препознаваат авиокомпанииите. Имаме успешна соработка со Визер, но и со други авиокомпании и сите заедно допринесуваме за развој на цивилното воздухопловство во земјава.
Оваа година ќе биде уште една рокордна и за тоа веќе сме на добар пат. Во првите четири месеци од годинава имаме раст на бројот на патници за 44 % повеќе во споредба со минатата година или раст од 11 % во споредба со 2019 година кога беше најдобра година со најголем број на превезени патници“, истакна Бочварски.

„Во овој момент може да се лета близу 50 дестинации во Европа. Од наесен токму преку финаниската подршка што ја овозможува Владата, Визер ќе воведе уште четири нови дестинации.
И како резултат на сите овие бројки, можеме да заклучиме дека финансиската поддршка е оправдана и ги дава очекуваните резултати.
Наша крајна цел е да ги искористиме сите капацитети што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле со цел да овозможиме квалитетни услуги за патниците“, рече Бочварски.


