Богатството на херојот: Нема многу, но сè што има собрал и се упатил кон Турција

Солидарноста што ја гледаме овие денови, кога станува збор за трагедијата што го снајде турскиот народ, навистина зборува многу за лицето на светот. Кон Турција се упатувааат и пристигнуваат спасувачки екипи од целиот свет, се чини дека нема земја што не испратила свои екипи.

Но, кога помошта доаѓа од оние кои и самите немаат многу, тогаш сфаќаме колку е важно да се биде човек во моментите кога луѓето околу вас се во голема неволја.

Фотографијата што трогна многумина е направена во Азербејџан, станува збор за Сервер Беширлеу, кој од својата голема сиромаштија извоил или земал сè што има и со неговиот дотраен автомобил, сам се упатил кон Турција, пишува Радио Сараево.

Понекогаш фотографијата сама кажува илјада зборови, а оваа е една од тие фотографии.

Најчитани вести