Пратеникот од СДСМ, Павле Богоевски, посочи дека Коце Трајановски потрошил милиони евра на осветлување, огради и лавови додека Скопје се гуши во смог и плива во кал.
За оградата на мостот „Слобода“, рече, градоначалникот потрошил над два милиони евра, за оградата на „Гоце Делчев“ повеќе од половина, додека за лавовите на краевите на истиот мост се дадени над 2.6 милиони евра.
– Додека нашето Скопје се гуши во смог, додека едни делови од градот, пливаат во кал, а други немаат постојано водоснабдување, Коце Трајановски потроши милиони евра граѓански пари, само за да ги задоволи личните хирови и лукративните потреби на својот партиски идол Никола Груевски – рече Богоевски.
Граѓаните ќе ги казнат криминалните политики на Груевски и корумпираното и расипничко владеење на Трајковски, порача пратеникот Павле Богоевски.


