Бохуслав Соботка именуван за нов премиер на Чешка

Чешкиот претседател Милош Земан го именува лидерот на Чешката социјалдемократска партија (ЧССД) Бохуслав Соботка за премиер и му го довери мандатот за состав на новата Влада, јави дописникот на МИА од Прага.

Составот на новата Влада е веќе договорена од тројната коалиција на Социјалдемократите (ЧССД), движењето АНО- 2011 и Христијанската и демократска унија – Чехословачка народна партија (КДУ-ЧСЛ) кои во Парламентот ќе имаат поддршка од 111 пратеници.

Според претходните информации за вицепремиер и министер за финансии од страна на идниот премиер е предложен Андреј Бабиш, претседател на движењето АНО, додека лидерот на КДУ-ЧСЛ Павел Бјелобрадек е кандидат за вицепремиер за наука и истражување.

Можен нов министер за надворешни работи е Лубомир Заоралек, министер за внатрешни работи Милан Хованец, министер за индустрија Јан Младек, а министер за образование Марцел Хладек, додека министер за човекови права и шеф на Правниот совет -Јиржи Динстбир. Министерството за здравство би го водел Сватоплук Немечек, Министерството за одбрана, Мартин Стропницки, Министерството за правда Хелена Валкова, додека Вера Јоурова е предложена за министерка за регионален развој.

За кандидати за министри за сообраќај, животна средина, земјоделство и култура, се предложени Антонин Прахар, Рихард Брабец, Мариан Јуречка и Даниел Херман. Министерството за труд и социјални работи би го водела Михаела Марксова Томинова, откако претходниот кандидат Петр Крчал јавно се откажа од номинацијата поради семејни причини.

Претходно, претседателот Земан откако од Соботка ги доби имињата на идните министри изјави дека не се согласува со именувањето на некои од нив за кои смета дека немаат искуства во ресорите кои треба да ги водат.

Идната недела Земан најави средби со кандидатите за министри, а именувањето се очекува до крајот на јануари.

]]>

Најнови вести

Најново од Uncategorized

Најчитани вести