Секој хороскопски знак има предиспозиции за одредени болести. Откријте на кои болести е склон вашиот хороскопски знак, како и на кои слаби точки треба да обрнете внимание.
Овен
Овните се полни со енергија, но имаат тенденција да ја трошат прекумерно. Нивните чувствителни точки се главата, лицето, очите и носот. Може да имаат мигрена, инфекции на синусите, воспаленија и повреди поради импулсивност. Понекогаш може да страдаат од проблеми со висок крвен притисок и стрес.
Бик
Биковите сакаат удобност, но често претеруваат со храна и пијалоци. Нивните чувствителни области се грлото, вратот, тироидната жлезда. Може да страдаат од проблеми со крајниците до настинки, како и од бавен метаболизам, што доведува до дебелеење.
Близнаци
Близнаците се нервозни и постојано активни. Нивната чувствителна зона се белите дробови, рацете, рамената и нервниот систем. Тие се склони кон бронхитис, астма, проблеми со дишењето и анксиозност. Нивното здравје директно зависи од контролата на стресот.
Рак
Раковите се емотивни и многу чувствителни. Најчесто имаат проблеми со желудникот, органите за варење и градите. Гастритис, чиреви, дигестивни проблеми и дебелина се вообичаени заболувања. Емоционалниот стрес често предизвикува физички симптоми кај нив.
Лав
Лавовите се силни, но можат да претераат во напрегањето на срцето. Нивната слаба точка е срцето, грбот и ‘рбетот. Тие се склони кон хипертензија, проблеми со срцето и болки во грбот поради напорна работа или стрес.
Девица
Девиците се многу педантни, но често се грижат премногу, што влијае на цревата, органите за варење и нервниот систем. Често страдаат од синдром на нервозно дебело црево, запек, дигестивни проблеми, алергии и стрес што доведува до психосоматски заболувања.

Вага
Вагите се стремат кон рамнотежа, но нивните бубрези, долниот дел на грбот и кожата се слаби точки. Тие се склони кон камења во бубрезите, проблеми со мочниот меур, болки во долниот дел на грбот и проблеми со кожата како егзема и акни.
Шкорпија
Шкорпиите се силни, но знаат да бидат премногу емотивни. Нивните чувствителни точки се репродуктивните органи, уринарниот тракт и дебелото црево. Може да имаат проблеми со инфекции, цисти, хемороиди и воспаление на урогениталниот тракт.
Стрелец
Стрелците се оптимисти, но поради љубовта кон авантурата, тие се склони кон повреди. Нивните ранливи области се бутовите, колковите, црниот дроб. Често страдаат од проблеми со црниот дроб(особено поради алкохол), ишијас и спортски повреди.
Јарец
Јарците се многу издржливи, но склони кон хронични проблеми. Нивните слаби точки се коските, зглобовите, колената и кожата. Може да имаат проблеми со артритис, остеопороза, псоријаза и проблеми со колената.
Водолија
Водолиите се прогресивни, но често го занемаруваат своето здравје. Нивните листови, зглобови и нервниот систем се чувствителни. Може да имаат проблеми со циркулацијата, проширени вени, грчеви во нозете и невролошки заболувања.
Риба
Рибите се исклучително емпатични и често ги апсорбираат емоциите на другите, што ги прави ранливи. Нивни слаби точки се стапалата, имунолошкиот систем и лимфниот систем. Може да имаат проблеми со имунитетот, зависности, инфекции и хроничен замор, пишува пинк.рс.


