Бомба за мамурлак од црна лимонада: Дава енергија и е одличен за детоксикација, а еве како да ја направите

Станува збор за црна лимонада која станува се попопуларен пијалок за детоксикација на организмот. Овој супер пијалок ќе ве спаси од мамурлак, кој веројатно им пречи на повеќето луѓе нпосле некоја прослава. Брзо ќе ви ја врати енергијата, ќе ви ја исчисти главата и ќе го смири стомакот.

Неопходно е:

сок од 2 лимони

1 литар вода

1 лажичка активен јаглен

2 лажици јаворов сируп

Подготовка

Добро измешајте ги сите состојки и испијте веднаш. Активниот јаглен, кој вообичаено се користи како помош при труење, има способност да ги врзува токсините и да го забрза нивното исфрлање од телото.

Здравствени придобивки од лимонот

Детоксикација на телото – Лимонот е природен диуретик, што значи дека помага во исфрлање на токсините од телото и чистење на бубрезите.

Помага при слабеење – Поради неговите својства за зајакнување на метаболизмот, лимонот може да придонесе за губење на тежината, особено кога се комбинира со здрава исхрана.

Го подобрува здравјето на кожата – Витаминот Ц во лимонот помага во производството на колаген, што ја прави кожата поздрава и поубава и може да помогне во намалувањето на брчките и лузните.

Помага во балансирање на нивото на pH – Иако лимоните се со кисела природа, кога се метаболизираат во телото, тие помагаат во алкализирање на телото, што може да придонесе за подобри функции на телото.

Го намалува нивото на холестерол – Редовното внесување лимони може да помогне да се намали нивото на лошиот холестерол во крвта.

Ги зајакнува крвните садови – Витаминот Ц во лимонот помага во зајакнување на крвните садови, што придонесува за подобра циркулација и кардиоваскуларно здравје, Курир.рс.

Најчитани вести