Борбата за старателство врз синчето ја елиминира Азаренка од УС Опен

Тениската суперѕвезда, Викторија Азаренка, е бесна затоа што судијата ја доведе пред неверојатно тежок избор – тениската игра или нејзиното дете – што го предизвика нејзиното откажување од Отвореното првенство на САД.

Поранешниот тениски број 1, е заглавена во непријатен спор со Били МекКег, таткото на нејзиниот 8-месечен син, Лео. Двајцата се разделија во јули, оваа година.

Еве го проблемот … Меккег поднесе документи за старателство во Лос Анџелес (каде што Викторија има дом), а случајот му беше препуштен на судија кој и кажа на Азаренка дека не е дозволено да го изнесе детето од Калифорнија, додека трае истражната постапка … а таа нема да заврши до октомври, најрано.

victoria_azarenka

УС Опен започнува на 28 август во Њујорк. Викторија нема да го остави своето дете, кого го доеше до пред еден месец, на Меккег, бидејќи таа не верува дека е способен да се грижи за детето.

Нејзиниот адвокат, Лаура Васер, изјави пред судијата дека нејзината клиентка е подготвена да купи авионски билет за Меккег и да го смести во хотел за време на двонеделниот турнир, но судијата ја одби таа понуда.

Victoria_Azarenka__boyfriend_Billy_McKeague

Васер, исто така, му рекла на судијата дека нејзиниот клиент има адреса на живеење во Белорусија, земјата каде што тројцата, Викторија, Лео и Били, имаат жителство. Но, поради некоја причина судијата не дозволува за старателството на Лео да одлучува судот во Белорусија.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести