Борусија Дортмунд се засили со Филкруг

 Најдобриот стрелец минатата сезона во Бундеслигата Никлас Филкруг (30) е нов фудбалер на Борусија Дортмунд, соопшти синоќа германскиот вицешампион.

Филкруг претходните четири години го носеше дресот на Вердер, а изминатата сезона постигна 16 голови во Бундеслигата.

Германскиот репрезентативец стави потпис на тригодишен договор со Борусија, а според медиумите трансферот е вреден 15 милиони евра.

Во воведните две кола во новата бундеслигашка сезона клубот од Дортмунд освои четири бодови, а во Лигата на шампиони се најде во најатрактивната група Ф заедно со ПСЖ, Милан и Њукасл.

МИА

Најчитани вести