Во германската Бундес лига викендов на распоредот се натпреварите од 13. круг кој беше отворен синоќа со дуелот Штутгарт – Борусија Менхенгладбах. На „Мерцедес Бенц Арена“ во Штутгарт победија гостите од Менхенгладбах со 2:0 и се зацврстија на 4.место на табелата.
Победата на Борусија им ја донесоа Рафаел во 37.минута и Оскар Венд во 73. минута.
Дербито на колото е вечерва од 18 часот и 30 минути во Дортмунд меѓу второпласираната Борусија Дортмунд и лидерот Баерн Минхен.
Освен дерби-дуелот денеска уште играат: Нирнберг – Волфсбург, аугсбург – Хофенхајм, Ајнтрахт Брауншвајгер – Фрајбург, Ајнтрахт Франкфурт – Шалке и Херта – Баер Леверкузен.
На двата утрешни натпревара се среќаваат: Хамбургер – Хановер и Вердер – Мајнц.
Табела: Баерн Минхен 32 бода, Борусија Дортмунд 28, Баер Леверкузен 28, Борусија Менхенгладбах 25 (натпревар повеќе), Волфсбург 21, Шалке 20,


