Бред Пит под истрага за насилство врз децата: Вербално и физички ги нападнал во приватниот авион

Бред Пит моментално е под истрага од страна на полицијата и социјалните служби заради тврдењата дека бил вербално и физички насилен со неговите деца на приватен авион, само еден ден пред Анџелина да поднесе документи за развод.

bred-pit-pod-istraga-za-nasilstvo-vrz-decata-verbalno-i-fizicki-gi-napadnal-vo-privatniot-avion-1.jpg

Целото семејство било во авионот, кога Бред испил повеќе отколку што треба и почнал да вика.

ТMZ тврди дека тоа е капката која ја прелило чашата Анџелина да се одлучи на развод.

Моментално Пит сериозно се брани од обвинувањата дека извршил било какво насилство врз децата.

„Бред е свесен за проблемите и очајно се обидува за уште шанса која ќе му го спаси бракот и понуди заедно да одат на терапија за одвикнување од дрога и алкохол. Реалноста е дека Бред е уште лудо вљубен во Анџелина. Ја обожава и никогаш намерно не би ја повредил.“ вели еден извор.

„Да, пие и пуши марихуана. И да, имаат кавги во кои тој го подига тонот.Но, знае дека треба да се подобри и да биде подобра личност заради децата.“

Пит од друга страна пак, бил лут што Џоли се опкружила со „моќни пријатели“ неколку месеци пред разводот.

Извор:crnobelo.com

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести