Бред Пит во Мексико: Се повози со формула, ја извади кацигата и сите се изненадија од тоа што го гледаат

Актерот Бред Пит ја изненади публиката за време на квалификациската фаза за Големата награда на Мексико, 2024 година, каде што снима филм.

Холивудскиот актер е ѕвезда на црвените килими, а сега и во сосема неочекувана улога.

Имено, возач во бел костум се појавил пред публиката во Мексико, а кога ја извадил кацигата сите биле изненадени од тоа што го гледаат. Оние кои дошле да уживаат во трките со Формула не можеле ни да замислат кој ќе се појави пред нив, ни повече ни помалку, туку лично Бред Пит.

По завршувањето на квалификациските трки, специјален дел од патеката бил опколен за филмскиот тим на Ф1 да сними уште неколку сцени, кои завршиле со излегувањето на Бред и симнување на кацигата, а потоа актерот започнал да ја поздравува многубројната публика.

На патеката тој трчал и со мексиканското знаме во раце.

Се работи за нова спортска акциона драма која се работи повеќе од една година, а снимањето започнало во јули 2023 година на патеката Силверстоун во Велика Британија. Тизер трејлер за филмот беше премиерно прикажан пред Големата награда на Британија во 2024 година овој јули.

Најчитани вести