Брегот на Слоновата коска се пласира на Светското првенство во Бразил

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска е втората, која од африканските квалификации избори пласман на Светското првенство во Бразил. Претходно тоа го направи Нигерија.

Сенегал свој натпревар како домаќин го одигра во Казабланка, Мароко (има забрана да игра на домашен терен од една година) што беше голем хендикеп за оваа репрезентација во реванш баражот со силниот конкурент. Предноста од првиот натпревар од 3:1 за Брегот на Слоновата коска се покажа како решавачка бидејќи реваншот заврши без победник 1:1. Поведе Сенегал во 77.минута преку Муса Сов од пенал, а изедначи во судиското надополнување во вториот дел (90 + 4 минута) Саломон Калу.

Денеска се игра реваншот меѓу Камерун и Тунис. На првиот дуел беше 0:0, а другите два дуела на програмата се во вторник: Египет – Гана (1:6 прв натпревар) и Алжир – Буркина Фасо (2:3 прв натпревар).

За репрезентацијата на Брегот на Слоновата коска ова ќе биде трето последователно учество на Светските првенства.

Најчитани вести