Бремена жена и нејзината 10 годишна ќерка тешко повредени во сообраќајка крај Струмица

29 годишна бремена жена и нејзината 10 годишна ќерка се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Струмица – Дабиле кај бензинската пумпа Лукоил. Мајката и девојчето биле сопатнички во автомобил фиат типо, а со нив имало уште едно лице кое го управувало возилото, додека во другиот автомобил, опел астра се наоѓале две момчиња, јавува Телма.

Поради лошата состојба на возилото фиат типо, во вадењето на повредените учествувала и противпожарната единици од Струмица. 29 годишната жена била во вториот месец од бременоста и поради сериозноста на повредите заедно со девојчето се префрлени во Скопје. Во моментов и двете се наоѓаат на Карил. Примени се со повеќе повреди, но засега состојбата им е стабилна, информираат од болницата.

Извор: Телма

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести