Од моментот кога е соопштено дека Тереса Меј ќе стане новата премиерка на Велика Британија, социјалните мрежи буквално се запалија.
Пристигнуват честитки од сите страни, само убавите зборови по грешка ѝ пристигнуваат на порно-актерка наместо на новата „челична леди“.
Буквата „х“ направи вистински метеж помеѓу Британците, и своите честитки наместо на новата премиерка на социјалните мрежи упорно и ги испраќале на порно-актерката со исто име , Тереза Меј.

Името на новата премиерка на Велика Британија на англиски се пишува „Theresa“, а на порно-актерката класично „Teresa“. Само поради тоа што ѝ недостига една буква во името, порно-актерката во последните 24 часа не може да живее од честитки.
Поради ова главоболки добиле и политичарката и актерката. Првата што нејзината нација не знае како навистина се вика, а втората што одеднаш почнале да ја следат илјадници луѓе на Твитер, кои и посакале се најдобро во текот на мандатот.
Британските медиуми непрекинато пишуваат за оваа урнебесна ситуација, а социјалните мрежи се преполни со фотографии од двете Терези.
Порно-актерката решила да ја искористи целата оваа збрка и од сите новинари кои и се јавиле да ѝ побараат интервју, барала пари.
– Да се разбереме, ни вие не работите за бадијала, па ни јас – изјавила порно-актерката.
Извор: Плусинфо


