Кога пред неколку дена српската пејачка Викторија објави дека американскиот пејач Бруно Марс ја ограбил, се огласи и британскиот лист Mirror.
Тие пренесуваат дека Бруно Марс за својот хит „Uptown funk“ идејата ја зел од српската пејачка Снежана Мишковиќ, позната под прекарот Викторија.
Нејзината песна од 1984 година под името „Улице мрачне нису за девојке“ послужила како инспирација за хитот на Бруно. Неговата песна содржи 80 проценти на материјалот од стариот хит на Викторија, која истакнува дека и е многу криво што не била препознаена нејзината песна, туку плагијатот.
-Не брзам со тужбата, таквите работи одземаат време, а мојот живот и кариера не зависат од тоа – вели таа и додава дека мора да смисли на што ќе ги потроши парите ако победи во тужбата.
Слушнете ги двете песни и проценете самите.


