Ефтино предјадење кое секој може да го подготви а е добредојдено за секоја прилика.
СОСТОЈКИ:
1 чаша млеко
1 јајце
1 лажичка сол
1 шолја рендано чедар сирење
1 чаша бело сирење
8 гранчиња магдонос
1 пакување прашок за пециво
2,5 чаши брашно, масло
Начин на подготовка: Во сад за матење додадете ги јајцата и млекото и измешајте. Додадете чедар, урда, сечканиот магдонос, сол и прашок за пециво и добро измешајте. Постепено додаваме брашно и замесуваме меко тесто. Покријте го тестото и оставете го да отстои 15 минути.
Кога ќе помине времето, ставете го тестото на даска за сечење и со сукало расукајте го до средна дебелина колку прст и сечете стапчиња. Пржете од двете страни на многу врело масло.


